Таткото на Мајли Сајрус откри: Немало свадба

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Американската пејачка Мајли Сајрус и ѕвездата од “Игрите на гладот” Лиам Хемсворт сепак не се венчаа тајно.

Тајната навидум беше откриена од таткото на Мајли, изведувачот на кантри музика Били Реј Сајрус, кој објави нивна фотографија во “Инстаграм”.

“Јас сум толку среќен … ти си среќна”, напиша Били под фотографија, на што таа е со бел фустан.

Но, сепак, како што ги предизвика гласините така и тој ги негираше. Тој сподели дека фотографијата е само обична летна фотосесија и не станало збор за никаква свадба.

Неодамна списание Life & Style откри дека двојката планира свадба … на Хималаите.

Лиам и Мајли излегуваат од 2009 година, двајцата се верија во 2012 година, но една година подоцна се разделија. Дури минатата година Хемсворт и Сајрус сфатија дека се создадени еден за друг.