Таткото на Мата се сретнал со шефовите на Барселона

од Vlatko K
97 прегледи

Таткото на фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата се состана со шефовите на Барселона во
канцеларијата на клубот пред неколку недели, соопшти радио „Cadena SER“.


Според информациите, Барселона го смета Мата за интересен играч поради неговиот профил, но
халфот не е приоритетна трансферна цел на каталонците во летниот трансфер прозорец.

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде сака мултифункционални фудбалери и Хуан Мата е токму
таков.

Покрај тоа, не треба да се игнорира друг аспект дека договорот на Мата со Манчестер Јунајтед
истекува на 30 јуни и тој може да премине на „Камп Ноу“ како слободен агент.

Проблем со Мата може да биде дека тој ќе наполни 31 година на крајот од месецот.

Мата пристигна во Манчестер Јунајтед во 2014 година со трансфер од Челзи. Тој ја напушти
Валенсија во 2011 година за да премине на „Стемфорд Бриџ“.