Утринава околу 9 часот дошло до пукање во основно училиште во Лукавац, Босна и Херцеговина. Како што е веќе познато, четиринаесетгодишник застрелал вработен во училиштето, кој потоа бил хоспитализиран во Универзитетската болница во Тузла.
Имено, како што објавија медиумите од регионот, станува збор за Недим Османовиќ, синот на Исмет Османовиќ. Исмет Османовиќ е поранешен пратеник на СДА во Парламентот на Федерацијата Босна и Херцеговина.
Ексклузивно за N1, Исмет Османовиќ потврдил дека станува збор за неговиот син.
„Вистина е, се работи за мојот син. Тој е наставник по англиски јазик и помошник-директор“, изјави Османовиќ.
На прашањето за моменталната состојба на Недим, Османовиќ рече:
„Операцијата е се уште во тек. Лекарите ми рекоа дека е во стабилна состојба“, изјави Османовиќ за N1.