Таткото на Тијана Ајфон: Ќерко, не се откажувам од тебе!

од Stefanija Kuzmanovska
792 прегледи

Таткото на Тијана Максимовиќ, попознатa како Тијана Ајфон, Ѓорѓе Максимовиќ, по апсењето на неговата ќерка во Босна и Херцеговина, рече дека и покрај ситуацијата, тој не се откажува од својата наследничка и дека се надева дека наскоро ќе биде пуштена од притвор, пренесува „Телеграф“.

Ѓорѓе со месеци не разговарал со својата ќерка Тијана, а сега ја откри причината за нивната кавга.

„Бев против тоа да влезе во реалното шоу и целиот тој свет. Не зборувавме поради тоа. Сопругата ме напушти пред 4 години, Тијана беше на страната на мајка ѝ. Ни се разделија патиштата“, рече тој.

Таткото на Тијана вели дека неговата наследничка била примерно дете и дека сметал дека нејзиниот луксузен живот го финансирал нејзиното момче.

– До 18-годишна возраст таа беше дете за пример, не излегуваше, сè беше познато. Не знам дали таа навистина се занимавала со тоа или не, како што велат со проституција. Го сака животот, сака да се забавува. Но во суштина е добар човек. Таа беше во врска со момче кое се занимаваше со разни работи – рече Ѓорѓе.

„Бев лишен од многу информации. Не знаев ништо. Што и да е, јас никогаш не се откажувам од ќерка ми Тијана. И ѝ го кажав тоа“, заклучи Максимовиќ.

Слични содржини