Таткото на Верстапен: Ред Бул ќе биде „распарчен“ ако Хорнер остане

од Vladimir Zorba
379 прегледи

Трикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен, вчера ја започна сезоната 2024 со доминантна победа на Големата награда на Бахреин, но неговите и перформансите на РБ20 остануваат во сенка на секс-скандалот на тимскиот шеф Кристијан Хорнер.

А таткото на Макс, Јос Верстапен, е на мислење дека тимот на светските шампиони ќе биде „распарчен“ доколку Хорнер остане на чело на организацијата.

Непосредно пред почетокот на сезоната во Формула 1, истрагата против Хорнер што ја спроведе Ред Бул беше завршена и, според нејзините резултати, обвиненијата против него беа отфрлени. Следниот ден, дел од доказите собрани за време на истрагата беа испратени до различни луѓе, од претседателот на ФИА, Мохамед бин Сулаем до стотици членови на медиумите. За ситуацијата на Хорнер разговараа Бин Сулејем и извршниот директор Стефано Доменикали на состанокот на кој присуствуваше и Хорнер. Шефот на Ред Бул покажа уверување дека скандалот е веќе зад него, а на патеката дури се појави и неговата сопруга Гери, која тешко го поднесувала скандалот од неговото избивање.

Според непотврдени информации, вештачењето покажало дека мејловите на Хорнер, како и пораките испратени од него на WhatsApp се оригинални и се испратени од Кристијан.
А таткото на Макс, Џос, отворено изјави дека Хорнер не може да остане.

„Има тензија во тимот додека тој е на својата функција“, објасни Верстапен постариот за весникот „Дејли мејл“. „Екипата е во опасност да се распадне и не може вака да продолжи и ќе експлодира. Хорнер ја игра жртвата, иако тој е тој што ги предизвикува проблемите“.

Поранешниот пилот исто така е категоричен дека тој не е личноста која протекува информации до медиумите и дека сака да го дестабилизира Хорнер.

„Нема смисла“, објасни Верстапен постариот. „Зошто би направил такво нешто кога на Макс му оди толку добро?

Слични содржини