Лука Модриќ ја освои Лигата на шампионите со Реал Мадрид по петти пат и само го зацврсти статусот на еден од најдобрите играчи од средниот ред на сите времиња.
Одличниот хрватски репрезентативец беше многу расположен по натпреварот и истакна дека оваа титула му е речиси драга како првата што ја освоил, бидејќи патот до неа бил најтежок.
По натпреварот тој разговараше со медиумите од регионот, но во еден момент се појавија неговите деца кои го прекинаа интервјуто.
„Тато, тато, тато, мораме да одиме“ се слушна гласот на неговата ќерка, кој го насмеа Модириќ и присутните новинари кои пукнаа од смеење.
Тој детаљ го прокоментира и Модриќ.
„Еве одиме, децата ме викаат“ и ја заврши реченицата која предизвика бројни симпатии.
Luka Modrić pic.twitter.com/r1WmVJzP73
— Dečak iz kraja (@Virim_iz_coska) May 29, 2022