Тату-ѕвездата Кет Вон Д со голема донација за болниците во Лос Анџелес

од Elena Daskalova
394 прегледи

Тату-артистката и модна дизајнерка Кет Вон Д објави дека нејзиното студио „High Voltage Tattoo“ подготви донација за болниците во Лос Анџелес.

Таа ги донира сите неотворени пакети гумени ракавици и заштитни престилки за медицинските лица од неколку болници.

„Имаме само 8.000 ракавици и 500 престилки, но поради тоа што луѓето непотребно купуваа големи количини од овие производи, не останаа доволно за медицинскиот персонал. Не бараме ништо за возврат, туку се надеваме дека и другите тату-студија ќе постапат итно“, пишува таа.

„Ако сте сопственик на студио и имате ваква опрема, ве молам помогнете. Многу сум горда на моето мало семејство што се согласија на ваквата одлука. Се надевам ќе ги инспирираме и другите да помогнат“, додава Кет.

Today, my tattoo shop High Voltage Tattoo donated our entire inventory of unopened gloves and aprons to the nurses and…

Публикувахте от Kat Von D в Четвъртък, 26 март 2020 г.

Слични содржини