ТАВ го надградува системот за багаж, апелира да се пристигнува на шалтерите за регистрација 3 часа пред летот

од Nikola Popovski
197 прегледи

Почнувајќи од 9-ти октомври (понеделник), до крајот на ноември 2023 година, односно во период од два месеци, на Меѓународниот Аерoдром Скопје ќе се врши надградба на системот за ракување со багаж, велат од ТАВ Македонија.

Апелираат до сите кои што ќе патувате во наведениот временски период преку Меѓународниот Аеродром Скопје, да пристигуваат на аеродромот, односно на шалтерите за пријавување патници и багаж, 3 часа пред планираното време на полетување на летот.

Слични содржини