Тавила: Вакцините се пакуваат за повеќе земји, вклучувајќи ја и С. Македонија

од Vladimir Zorba

Можам да ветам дека вакцините се пакуваат и се подготвуваат за повеќе земји, вклучувајќи ја и Северна Македонија и ќе дојдат многу скоро, вели претставничката на СЗО во земјава Џихан Тавила.

-Направив една грешка кога изјавив дека би требало да стигнат во средината на март. Ајде да не направиме уште една грешка. Но сигурна сум дека Министерството за здравство ќе биде прво информирано за датумот на пристигнување на вакцините и Владата и тие ќе ви кажат датум, бидејќи ако не сме сигурни дека вакцините се ставени во авионот и доаѓаат кон С Македонија, во Скопје никој не може да ви каже конкретен датум, изјави Тавила вечерва во гостување на вестите на Сител прашана кога ќе пристигнат вакцините од Ковакс механизмот наменети за С Македонија.

Слични содржини