409
Познатиот актер Роберт Фостер вчера почина во Лос Анџелес во 79та година од животот.
Причина за смртта е рак на мозокот, а трагичниот настан се случи токму на денот на премиерата на неговиот последен филм „Еl Camino: A Breaking Bad Movie“. Роберт е познат по улогата во филмот „Џеки Браун“ , од режисерот Квентин Тарантино, за која беше номиниран за „оскар“. Глумеше во филмовите „Падот на Олимп“, „Падот на Лондон“, „Мухоланд Драјв“ и др. Исто така имаше забележителни улоги во сериите „Твин Пикс“, „Алкатраз“ и планетарно популарната „Брејкинг бед“. Тој се имаше пријавено и за улога во филмот „Касапски кучиња“, но режисерот Квентин Тарантино му ја даде на Лоренс Тајнери.
Зад себе имаше три брака и четири деца.