ТДП: Барањата за намалување на бројот на пратеници се ефтини обиди да се минира иницијативата за една изборна единица

од Берта Китинска
731 прегледи

Деновиве преку средствата за јавно информирање како и на социјалните мрежи, позачестени се изјави, коментари, партиски соопштенија и сл. кои одат во правец на измени на изборниот законик а који пред се, се однесуваат на измени во изборниот модел. Со оглед на фактот дека е вообичаено и пожелно измените на изборниот законик да се извршат со целосен концензус на политичките партии, во име на Демократската Партија на Турците на Македонија (ТДП) ги замолуваме политичките партии целосно да се посветат на предлогот на повеќе пратеници, да се воведе „пропорционален модел„ каде територијата на Република Северна Македонија би била „една изборна единица„ без изборен праг, велат од Демократската Партија на Турците на Македонија (ТДП).

Оттаму додаваат дека условувањето на прифаќањето на ваков модел со прифаќање на брзи предвремени избори и барањата за намалување на бројот на пратеници во Собранието се ефтини обиди да се минира иницијативата за пропорционален модел со една изборна единица без изборен праг.

-Потсетуваме дека е крајно време поголемите политички партии да излезат од „стегите на своите теснопартиски интереси„ и да прифатат изборен модел кој ќе им овозможи и на помалите политички субјекти да го валоризираат секој глас на избирачите, со што ќе се рефлектира изборната воља на граѓаните и во Собранието на Р.С.М.Сите останати наводно добри решенија се само „перфидни игри„ да се изигра иницијативата на групата пратеници а притоа да се остави впечаток на праведност и демократичност.
Многу е „почесно„ отворено и јасно да се наведат причините поради кои не се прифаќа иницијативата на групата пратеници, отколку да се “замајува јавноста” со провидни политички решенија, вела од ТДП.

Слични содржини