Тебас: Имам чувство дека Мбапе веќе потпишал

од Vladimir Zorba
252 прегледи

Се чини дека на сагата наречена „Килијан Мбапе“ наскоро ќе и дојде крајот. Се почесто се зборува за неговото евентуално доаѓање во Реал Мадрид, а последен беше претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас.

Првиот човек на шпанската лига повторно проговори за трансферот кој би бил најголем во летниот преоден рок. Со изјавата што ја даде неодамна повторно ја разбранува фудбалската јавност и објави дека зделката веќе „паднала“.

„Имам чувство дека Килијан Мбапе веќе потпишал за Реал Мадрид“, изјави Тебас.

Францускиот репрезентативец и суперѕвезда со години се поврзуваше со Реал Мадрид, а неодамна на клубот од главниот град на Франција му соопшти дека нема да го продолжи договорот.

Денеска беше објавено дека катарските сопственици нема да разговараат со Мбапе за можно продолжување на соработката и дека приказната помеѓу ПСЖ и брзоногиот напаѓач е завршена.

Мбапе одигра 292 натпревари за ПСЖ и постигна 244 гола.

Слични содржини