ТЕЦ „Осломеј“ превентивно исклучен од мрежата

од Nikola Popovski
173 прегледи

Термоелектраната „Осломеј“ од превентивни причини е исклучена од работен режим по забележана појава на вибрации во системот во делот на вентилацијата, кој минатата недела беше зафатен со пожар, соопштија денеска од АД ЕСМ.

-Се вршат повторни проверки од страна на надворешната овластена фирма и се очекува набрзо пречката да биде отстранета и термоцентралата да биде вратена на мрежа. Нема да има недостиг на електрична енергија во производството на АД ЕСМ, бидејќи капацитетите работат  според планот и се компензира секое отстапување на одреден капацитет, појаснуваат од ЕСМ.

АД ЕСМ на 01.01.2023 година произведе 17.454 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Во Термоелектраните произведени се 12.781 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 4.673 MWh.

Слични содржини