Техеран ги затвора државните канцеларии и образовните институции поради загадувањето на воздухот

од Nikola Popovski
18 прегледи

Иранските власти денеска објавија дека сите државни канцеларии, универзитети и училишта во провинцијата Техеран ќе бидат затворени два дена поради лошиот квалитет на воздухот, јави тамошната државна телевизија.

Властите во главниот град на Иран, Техеран, дом на повеќе од 10 милиони луѓе, наредија основните училишта и градинки, државните служби и универзитетите да се затворат во среда и четврток и наставата да се одржува онлајн, пренесува АП.

Државната телевизија објави дека банките, основните јавни услуги и здравствените домови ќе останат отворени во следните два дена.

Иницијативата „Зелен Хуман Град“ за денес најавува протестен марш против аерозагадувањето во Скопје. Протестот започнува во 16:00 часот пред Министерството за животна средина и просторно планирање, продолжува пред Собранието и завршува пред Владата на Република Македонија.

„Сè што треба е да се собереме и да покажеме заедничка сила за чист воздух.Скопје мора да дише, Македонија мора да дише“, апелира организаторот на протестот.

Се бара спроведување на мерки за подобрување на квалитетот на воздухот. И граѓаните се жалат на аерозагадувањето.

Слични содржини