Техеран ќе се врати кон обврските од нуклеарниот договор за 15 милијарди долари за нафта

од Vlatko K
126 прегледи

Нашето враќање кон целосна имплементација на нуклеарниот договор зависи од добивањето 15 милијарди долари за период од четири месеци, во спротивно ќе продолжи процесот на намалување на ангажманите на Иран, изјави заменик-министерот за надворешни работи Абас Аракчи.

Иран од неодамна преговара со Париз за враќање кон целосна имплементација на Заедничкиот сеопфатен план за акција (ЈЦПОА). Франција и понуди на исламската република кредит кој би бил гарантиран со иранските нафтени приходи, но планот зависи од одобрението на САД да се укине забраната за извоз на нафта.