ТЕХНИЧКИ БАНКРОТ: Објавен долгот на Барса – нереална сума

од Vladimir Zorba
385 прегледи

Извршниот директор на фудбалскиот клуб Барселона, Феран Ревертер, на прес -конференцијата изјави дека клубот бил во „технички банкрот“ кога Жоан Лапорта ја презел претседателската функција во март оваа година.

Новиот одбор на директори наследи долгови од 1,35 милијарди евра, со екстремно високи плати на играчите, а клубот зеде заем од 80 милиони евра, со цел да го рефинансира долгот од 595 милиони евра.

Барселона објави загуба од 481 милион евра за сезоната 2020/2021. Приходите се намалени за 26 проценти, или 224 милиони евра во споредба со претходната година.

Каталонскиот гигант заработил 631 милион евра во сезоната 2020/2021, што е за 200 милиони евра помалку од планираната сума во буџетот.

Слични содржини