Од таму велат дека сопственоста на компанијата К и К ДООЕЛ не е променета и како што беше и досега, поседувана е од двајца сопственици со бугарско државјанство, а воедно и на самата компанија седиштето ѝ е лоцирано во Бугарија. Македонската компанија К и К ДООЕЛ Скопје е само претставништво на овој синџир на маркети за бела техника.
За делот од текстот каде се наведува дека „На истата адреса сместена е и компанијата која се поврзува со скандалот со земјиштето на Водно во кое е вмешан и првиот кум на премиерот, а којшто минатата недела на прес конференција го обелодени претседателот на СДСМ, Зоран Заев“, „Техномаркет“ вели дека е само коинциденција со адресата на правниот застапник на компанијата К и К и компанијата што се посочува во „политичка конотација“ на текстот.Демантирајќи ја информацијата од компанијата велат :„Невкусно е тоа што успешна компанија е вмешана во дневно политички игри, без притоа да биде побаран одговор или став од самата компанија и нејзините претставници“, се наведува во реакцијата на „Техномаркет“.
