Пејачката Тејлор Свифт веќе нема да се грижи дека ќе го изгуби сѐ ако не може повеќе да танцува на сцената. Таа ги осигурала нозете за 40 милиони долари, кои ќе ги добие во случај на инцидент.
Според извор близок до пејачката, “износот звучи смешно, но ако нешто се случи со нозетете, таа нема да може да настапува и се движи на сцена – што е нејзинот заштитен знак”. Според него Свифт била дури и малку засрамена кога дознала за тоа колку ѝ се проценуваат екстремитетите.
“Таа мислеше дека тие чинат околу милион”, додава тој. Според изворот осигурувањето било потребно, бидејќи секој инцидент би јазагрозил сериозно нејзината “кариера за 200 милиони долари”.