Тејлор Свифт го посакува Рајан Рејнолдс во нејзиниот нов филм

од Vladimir Zorba

Албумот „Фолклор“, кој Тејлор Свифт го издаде во август оваа година, дефинитивно е еден од моментите што ќе ја одбележи поп-културата за сите времиња. Фановите се опседнати од самиот почеток со малите траги што пејачката и текстописец ги остави на албумот, а сега се решени една од песните да ја претворат во филм – а пејачката целосно ја поддржува идејата.

Имено, третата песна од албумот, „The Last Great American Dynasty“, ја раскажува вистинската приказна за Ребека Вест Харкенс, која стана една од најбогатите жени во САД откако се омажи за Вилијам Харкенс во 1947 година.

Фановите веднаш ја замислија совршената екипа за филмот – а еден од твитерџиите со име @TSlifestyle13 е убеден дека главните улоги во филмот треба да ги играат Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс, додека Џес Фергусон би имал улога на сосед на оваа двојка.

На него му се допадна идејата толку многу… и таа беше поддржана и од Блејк и Рајан, па дури и Тејлор – и сите напишаа за тоа на Твитер.

Слични содржини