Тејлор Свифт го собори Гинисовиот рекорд за најпродавана светска турнеја на сите времиња

од Stefanija Kuzmanovska

Тејлор Свифт официјално го сруши рекордот за музичка турнеја со најголема заработка на сите времиња, станувајќи првата личност која надминала милијарда долари приход – а таа е само на половина пат од нејзината концертна турнеја и доаѓа во Европа следната година.

Турнејата Ерас, која започна во март 2023 година и треба да заврши во декември 2024 година по вкупно 151 концерти ширум светот, до денес има заработено 1,04 милијарди долари, пренесе Pollstar.

Со ова е соборен рекордот поставен од петгодишната проштална турнеја на Елтон Џон, која заврши на почетокот на оваа година, со заработка од 939 милиони долари на 328 настапи.

Свифт ја опишува турнејата како патување низ сите нејзини музички „ери“, секој концерт трае над 3,5 часа со сет листа од 44 песни поделени во 10 чина.

Турнејата доби исклучително позитивни критики од критичарите, кои го пофалија концептот и квалитетот на продукцијата, како и изведбата на Тејлор Свифт.

Слични содржини