Откако Тејлор Свифт и Келвин Харис се разделија во јуни, во јавноста кружат разни твитови, песни и јавни преболувања. Меѓутоа сега се открива дека тие двајца повторно комуницираат преку смс пораки.
Близок извор на поранешната двојка изјави за “TMZ” дека кратко по разделбата на Том Хинделстон и Тејлор Свифт, претходно месецов, Харис и Свифт започнале да си испраќаат пораки за да стават крај на нивната драма.
Сеуште не постојат никакви индикации за нивно помирување, како што се изјавува дека нивните пораки се чисто платонски и дека тие воопшто не ни зборувале преку телефон, ниту пак се виделе очи во очи.

Најверојатно нивното ново-основано пријателство е причината што Тејлор Свифт пред неколку недели сподели видео од нејзе како пее на песната “This is what you came for”(песната што таа и Харис ја напишаа заедно). На него тоа дури и му се допадна.
Можеби ова ќе придонесе за уште неколку музички колаборации, помеѓу нив, во иднина. Па дури и да не јобноват нивнита врска, супер е што тие двајца се повторно пријатели.