По прекинот на кратката врска со актерот Том Хиделстон и изјавата на нејзиниот поранешен дечко Келвин Харис како и гласините од некои нејзини пријатели во стилот “таа не е толку добра колку што се претставува”, пејачката Тејлор Свифт се повлече во осаменост.

Но, се чини дека сега таа одлучи да се врати во центарот на вниманието па заедно со нејзините пријатели се упати кон забавата на раперот Дрејк, по повод неговиот 30ти роденден, во западен Холивуд, каде наводно цела вечер не се одвоила од славеникот.
И тоа би било едно обично излегување со пријателките, доколку 26 годишната пејачка, за оваа прилика, не се одлучеше да се облече во многу секси издание, можеби и најсекси до сега.

Русокосата убавица на себе носеше тесно кожно здолниште, со длабок шлиц и краток топ.
Пејачката пристигна во придружба на нејзините пријатели, а на истата забава присуствуваа и нејзината поранешна другарка Кејти Пери и поранешниот дечко Џон Мејер.

Тејлор наводно успеа да предизвика лутина кај Ријана, бидејки цела вечер флертувала со нејзиниот поранешен дечко, канадскиот рапер Дрејк, пренесуваат изворите.

Дрејк и Ријана, кои беа во врска со години, се разделија на почетокот на месецов, а пејачката не присуствуваше на неговиот роденден.
