Тејлор Свифт подобри рекорд со својата нова песна (ВИДЕО)

од Vlatko K
116 прегледи

Јутјуб потврди дека видеото на синглот „ME!“ на Тејлор Свифт е со 65,2 милиони прегледи во текот
на првите 24 часа по објавувањето, објави „Контактмјузик“.


На овој начин, видеото влезе во книгата со рекорди, откако ја направи Тејлор Свифт изведувачката
со најмногу прегледи на нејзиното видео за првите 24 часа, по пуштањето на видео платформата.
Таа ја надмина пејачката Аријана Гранде, чие видео за песната „Thank U, Next“ имаше 55 милиони
прегледи во првите 24 часа по објавувањето.

За споредба, видеото за друга од најпознатите песни на Тејлор Свифт во последните неколку
години – „Look What You Made Me Do“, имаше 43,2 милиони прегледи во текот на првите 24 часа по
неговото ослободување.

Пејачката веќе е меѓу најпопуларните музичари во Јутјуб. Дваесет и деветгодишната Свифт
неодамна призна дека била инспирирана од нејзините домашни мачки Оливија и Мередит.

Во моментов, видеото на „ME!“ има над 100 милиони прегледи.