Тејлор Свифт раскина со актерот Џо Алвин по шест години врска

од Stefanija Kuzmanovska
271 прегледи

Пејачката Тејлор Свифт наводно раскинала со британскиот актер Џо Алвин, пишуваат американските медиуми. Тејлор и Алвин бea во врска шест години и наводно останале во пријателски односи и немало драма околу раскинувањето.

„На нивната врска едноставно ѝ дојде крајот. Затоа Алвин не беше виден на нејзините настапи“, стои во изјавата на извор близок до поранешните партнери.

Алвин и Свифт почнаа да се гледаат во 2016 година и често беа фотографирани од папараците заедно додека одеа на прошетки, но не сакаа јавно да споделуваат детали за нивната врска.

Имено, Тејлор е позната по сите нејзини раскинувања кои завршуваат како големи хитови, па фановите се интересираат за се што се случува во нејзиниот личен живот и од текстот извлекуваат заклучоци за тоа како поранешните се однесувале со неа. Теориите брзо стануваат вирални на социјалните мрежи, поради што Алвин во едно интервју изјави дека приватноста им е многу важна.

Слични содржини