Тејлор Свифт стави точка на кратката романса со познат музичар (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
326 прегледи

По раскинувањето на нејзината долгогодишна врска со актерот Џо Алвин, се појавија некои шпекулации за љубовниот живот на пејачката Тејлор Свифт.

Имено, таа неколку пати беше видена со музичарот Мети Хили. Парот неколку пати беше фатен на заеднички вечери, прошетки, а Мети беше виден и на неколку концерти во рамките на големата турнеја на пејачката.

Според некои извори, Мети и Тејлор ја обновиле старата романса од 2015 година кога кратко биле во врска.

Изгледа дека и овој пат нивната љубов кратко траеше, со оглед на тоа што сега се појавија информации дека парот решил да ја прекине врската.

„Тејлор и Мети раскинаа. И двајцата се многу зафатени и сфатија дека не се компатибилни еден за друг. Пријателите на Тејлор го сакаат она што е најдобро за неа и не се изненадени што нивната врска е завршена, бидејќи таа релативно неодамна излезе од долгогодишна врска“, изјави извор за ЕТ.

Гласините за раскинување започнаа неодамна, кога Хили се врати на старата навика да се бакнува со луѓе на концертите на неговиот бенд. На еден фестивал за време на изведба на песна бакна во уста момче од обезбедувањето. Ова претходно му беше пракса на концерти, а последен пат тоа го правеше во декември 2022 година. Овој негов единствен потег уште повеќе ги подгреа гласините, бидејќи овој потег го избегнуваше неколку месеци.

Слични содржини