Чанинг Тејтум успеа да издејствува забрана против жена, која десет дена тајно живеела во
неговиот дом.
Актерот поднесе тужба во судот во Лос Анџелес против неименувана жена која, според
американските медиуми, влегла во еден од ненаселените станови на холивудската ѕвезда и
поминала таму повеќе од една недела. Таа била откриена од асистентот на актерот на 24 јуни, кој
направил граѓанско апсење пред да ја повика полицијата.
Жената тврди дека не се населила нелегално во домот на актерот, туку била гостин, поканета лично
од 39-годишниот Тејтум. Ѕвездата сепак не ја познава дамата, но бил информиран дека таа неколку
пати се појавувала на прагот на неговиот дом со барање за средба.
Во забраната на судот е запишано дека нарушителката не треба да се доближува и до поранешната
сопруга на Тејтум, Џена Дуан и нивната 6-годишна ќеркичка Еверли, како и до неговите двајца
асистенти. Не е јасно дали и новата девојка на актерот – пејачката Џеси Џеј, исто така е вклучена
во забраната за доближување.