63
Како што беше најавено, актуелните шампиони во НБА, Бостон Селтикс, ќе потпишат продолжување на соработката со својата најголема ѕвезда, 26-годишниот Џејсон Тејтум.
Според американските медиуми, Тејтум треба да потпише нов петгодишен договор со Селтикси вреден 314 милиони долари, со што би станал најплатен кошаркар во историјата.
Интересно, статусот на најплатен играч во НБА го имаше и Џејлен Браун, кој минатата година потпиша петгодишен договор со „детелините“ вреден 304 милиони долари. По финалната серија со Далас, Селтикси стигнаа до рекордната 18-та шампионска титула.
Минатата сезона Тејтум во лигата имаше просек од 26,9 поени, 8,1 скока и 4,9 асистенции, додека во плејофот имаше просек од 25 поени, 9,7 скока и 6,3 асистенции.