Тексас е прва земја во САД што потврди повеќе од милион заразени лица

од Vladimir Zorba

Тексас е прва американска држава во која бројот на заразени со коронавирус надмина еден милион, додека во целата земја, повеќе од 100.000 нови случаи на ден се потврдени три пати за помалку од една недела, пренесе Ројтерс.

Да беше посебна држава, Тексас ќе беше рангиран на десеттото место во светот по вкупниот број на луѓе кои страдаат од Ковид-19. Оваа федерална држава на САД сочинува над десет проценти од вкупниот број случаи на коронавирус во Соединетите држави.

Според статистиката на Ројтерс, просечниот број на новозаразени на ден во Тексас минатата недела бил околу 8.000, највисок во САД во споменатиот период, проследен со Илиноис со двојно помалку пријавени нови случаи на ден.

Калифорнија, која потврди повеќе од 600.000 нови случаи на заболени во август, во моментов не е далеку од Тексас според бројот на заразени и мртви. Во оваа земја, над 950.000 нови случаи се потврдени изминатата недела, како и околу 30.000 смртни случаи како резултат на болеста.

САД се најтешко погодени од пандемијата во светот, со потврдени над 9,8 милиони случаи и над 230 000 смртни случаи.

Слични содржини