Тел ќе биде играч на Тотенхем следната сезона, сигурен е Постекоглу

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Матис Тел следната сезона ќе биде играч на Тотенхем, категоричен е менаџерот на англискиот тим Ангелос Постекоглу, цитиран од агенцијата ДПА. Напаѓачот пристигна во Лондон на позајмица од германскиот Баерн Минхен, а Спарс имаат опција да го направат трансферот постојан за 55 милиони долари и дополнителни 5 милиони долари бонуси.

Според ДПА, Тел усно се согласил на шестгодишен договор со Тотенхем.

На новинарско прашање дали Тел ќе биде во Тотенхем следната сезона, Постекоглу одговори: „Тој ќе биде во тимот, пријателе. Тој ќе биде играч на Тотенхем. Мислам дека Матис ќе им покаже на сите зошто се одлучивме за него. Не го доведовме овде само шест месеци“.

„Тој е многу талентиран и има голема доверба во сопствените способности. И покрај тоа што е млад, Матис не бега од предизвиците. Тој е физички подготвен за Премиер лигата, може да се бори со дефанзивците и исто така е брз. Речиси нема клуб што не сака играч како него. Многу сум среќен што успеавме да го привлечеме.“

Слични содржини