ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР НА ЛИДЕРИТЕ: Путин му ветува на Ердоган дополнителна помош во гаснењето на пожарите

од Nikola Popovski
208 прегледи

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА Русија, Владимир Путин, разговарал по телефон со неговиот турски колега, Реџеп Таип Ердоган. Двајцата лидери зборувале за шумските пожари во јужна Турција, соопшти прес -службата на Кремљ.

Рускиот претседател потврди дека Русија ќе продолжи да и дава сеопфатна помош на Анкара во гаснењето на пожарот, а Ердоган топло се заблагодари за помошта.

Двајцата претседатели ја истакнаа важноста на соработката меѓу двете земји во борбата против оваа природна катастрофа.

Претседателите разговараа и за актуелни теми од руско-турската соработка.

– Резултатите од состанокот на билатералната меѓувладина комисија одржан во петокот беа позитивно оценети. Двете страни го изразија расположението за понатамошна заедничка работа за реализација на постигнатите договори во трговската, економската, енергетската и другите области – се објаснува во соопштението.

Претходно, турските медиуми објавија дека Ердоган областите на неколку турски провинции погодени од големи пожари ги прогласи за зони на катастрофи. Ердоган изјави дека листата на „зони на природни катастрофи кои влијаат врз животот на луѓето“ ги вклучува провинциите Анталија, Мугла, Мерсин, Адана и Османија.

Шумските пожари продолжуваат да беснеат во шест турски провинции: покрај горенаведените области, пожарите остануваат во провинцијата Кајзер. Меѓутоа, според турскиот министер за земјоделство и шумарство, Бекир Пакдемирли, „постои позитивна динамика во борбата против пожарите“. Тој напомена дека 60 жаришта се веќе под контрола.

Слични содржини