Телеграф: Израелски модел за решавање на дијалогот Белград-Приштина?

од Nikola Popovski
97 прегледи

Планот за Блискиот исток, претставен пред два дена во Белата куќа, има многу исти точки како оној подготвен за Белград и Приштина, пишува српски Телеграф.

Според дипломатски извор од западната амбасада, планот за спор меѓу Израелците и Палестинците го работеле истите луѓе кои ги изработиле контурите на американската стратегија за решавање на односите меѓу Белград и Приштина, што според Телеграф, деновиве го спроведува специјалниот пратеник на Трамп, Ричард Гренел.