„Телеграф“: Цеца позитивна на коронавирус

од Vladimir Zorba
261 прегледи

Српската пејачка Цеца Ражнатовиќ е позитивна за коронавирусот, дознава српски „Телеграф“.

Според нивни извори, sвездата прво правела серолошки тест од венска крв, кој покажал дека е негативен.

Сепак, таа решила да се тестира и на PCR тест, што се прави со земање примероци од брисеви од грлото и носот.

Резултатот покажа дека таа е позитивна на вирусот.

Цеца се чувствувала добро, а не се подложила на тестирање поради симптоми, туку по семејната прослава, по што се покажало дека била во контакт со заразено лице.

Инаку, се случува серолошките тестови да покажат негативен резултат, а PCR после тоа да покаже дека лицето сепак е позитивно на коронавирусот.