Телеграм ја згасна групата „Јавна соба“

од Берта Китинска
318 прегледи

Групата ,,Јавна соба” попладневно беше згасната од страна на социјалната мрежа Телеграм.

Според информациите на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски  приведени се четири лица. Две лица се од Битола, еден од Велес и еден од Штип, кои се директни учесници во групата на Телеграм.

„Се работи на откривање кој ја креирал ваквата група и кои се биле членови. Секој еден кој се наоѓа во групата ќе се истражи и ќе понесе кривична одговорност, напиша Спасовски на Фејсбук.

Повеќе од 6 500  членови се дел од групата „Јавна соба“ на „Телеграм“ во која се споделени  околу 10 000 експлицитни фотографии и видеа на девојки, жртви на интернетот, чии податоци се  злоупотребени.

Во меѓувреме, девојки-жртви во случајот јавно почнаа да сведочат за злоупотребата, а психолози и здруженија понудија помош за жртвите.

Слични содржини