На адресата на Амбасадата на Соединетите американски држави во Скопје е регистриран гласач во Избирачкиот список-јави Телма. Двајца избирачи има и на адресата на британската амбасада. Ова се само две од стотиците, можеби илјадници откритија објавени на твитер и фејсбук до кои дојдоа граѓани истражувајќи го Избирачкиот список поставен пред два дена интернет страницата на Државната изборна комисија. Во морето на откритијата, особено на твитерџиите, а кои ги пренесуваат и медиумите,се наоѓаат и четворица избирачи на адресата на претседателот Ѓорге Иванов, петнаесет на адресата на пратеникот Павле Саздов, тројца со разлчично презиме на адресата на поранешната министерка Гордана Јанкуловска, 14 на адресата на Агенцијата за јавни набавки, жители на Пустец.
Примери има речиси безброј. Вчера Телма регистрираше случаи на гласачи во празна разурната куќа, како и гласачи на една адреса за кои станарите беа изненадени дека и други лица се водат на нивната адреса и дека не знаат како се нашле во Избирачкиот список.
Повеќе ТУКА
