Телма: Израелската влада префрла пари само на трезорски сметки

од Vladimir Zorba
107 прегледи

 Министерството за одбрана на Израел не одговара на прашањата кога е донирана опремата за полициските специјалци што македонското Министерство за внатрешни работи ја добило во 2011 година. Портпарол на израелското министерство во телефонски разговор за Телма рече дека писмено ќе одговори на прашањата за каква опрема станува збор, колку чини и кога е донирана.

800px-matkal_building_tel_aviv

 Името Хаим Хакеини го нема на листата на вработени во израелското министерство за одбрана. Извор на Телма вели дека е можно Хакеини да е сопственик или, пак да работи во фирма која продава системи за прислушување. Овие луѓе најчесто се поранешни вработени во Мосад или во израелската влада и можно е да имаат пасоши со лажен идентитет. Експертите за Телма велат дека ова може да е едно од објаснувањата зошто името на Хакеини не може да се најде во ниту една база на податоци на интернет.

Во разговорите што вчера ги објави, опозициската СДСМ тврди дека токму Хакеини е посредникот преку кој, наводно, била договарана огромна провизија кога е набавувана опремата за македонската полициија.

Македонското министерство за внатрешни ги демантираше овие тврдења со објаснување дека станува збор за донација, а не за договарање провизии.

Од управата на финансиската полиција велат дека договорот  за донација е класифициран со највисок степен на доверливост како “Државна тајна” па,  финансиска полиција нема и не смее да има податоци за тоа..

Експертите велат дека  Министертвото за одбрана односно Израелската влада може да даде донација дури и во кеш, но таа никако не смее да биде префрлена на нечија приватна сметка туку на официјалната сметка на МВР преку Народната банка на РМ. Парите  во кеш  обично се наманети за борба против тероризам но нашиот извор напоменува дека се тоа пари кои се уплаќаат исклучиво на официјални сметки на МВР.

 

повеќе тука