Граѓаните кои го користат железничкиот сообраќај повторно ќе се соочат со проблеми. Машиновозачите најавуваат целосно запирање на возовите доколку не им биде исплатена јулската плата-информира Телма.
Од Независниот синдикат, за Телма изјавија дека во бојкотот на работата се вклучени сите машиновозачи, вработени во МЖ Транспорт. Тие информираат дека од 12:00 часот денеска ниту еден патнички воз не е тргнат од железничката станица во Скопје. Возовите чија почетна станица е во другите градови ќе возат додека не се вратат во главниот град, а потоа ќе запрат.
Повеќе ТУКА
