Телма: Обвинителството ќе одобри укинување на притворот на Мијалков

од Берта Китинска
204 прегледи

Судот ќе одлучи дали поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков ќе излезе од притвор. Тој добил позитивно мислење од Обвинителството за гонење на Организиран криминал и корупција на барањето за излегување од притвор, пренесува Телма.

Адвокатите на Мијалков тврдат дека со барањето за ослободување е поднесена гаранција во недвижности со вредност од над 7 милиони евра. Кауцијата ќе биде запленета од државата доколку Мијалков избега.