На иста маса полна со луѓе, со претседателот Иванов на Советот за безбедност седна и осомничен за изборен криминал во акцијата Титаник-јави Телма.
Сега по одлуката на Уставниот суд, тој може да бара и да добие помилување од Иванов за делото за кое го истражува специјалното обвинителство.
Станува збор за советник во Агенцијата за разузнавање, иако го немаше на листата поканети беше во друштво на директорот на Агенцијата Наќе Чулев и присутен на советот за безбедност кој во проширен состав расправаше за бегалската криза.
За овој осомничен во Титаник, специјалното обвинителство бараше и притвор поради можно влијание на сведоци. Судот не го прифати предлогот на обвинителството и не му одреди притвор на К.Т. долгогодишен член на кабинетот на екс министерката Јанкуловска кој по нејзината оставка лани во мај се префрла во агенцијата за разузнавање.
Ослободен косовскиот функционер кој беше во притвор во Скопје
Според предлозите на обвинителството за притвор на Јанкуловска и за нејзиниот некогашен соработник е наведено дека тој заедно со уште едно лице и вршел притисок на друга осомничена која работи како началник на управните служби во МВР.
Дури според обвинителството, осомничениот и нудел финансиска помош на жената која се чувствувала загрозена од понудите. За осомничениот се спомнува дека заедно со друг колега ја носеле раководителката од МВР на средба со Јанкуловска преку гаражи во партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.
Повеќе ТУКА
