ТЕЛМА:Убиства,киднапирања, грабежи- досие на кумановската група

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Припадниците на кумановската терористичка група имаат богати криминални досиеја, тврдат од МВР, според кое 21 член на групата извршиле 104 кривични дела во три држави. Во Македонија за Дем Шеху (кој сега е уапсен) имало оперативни сознанија дека организирал неколку грабежи на златари во западна Македонија. Ваљдет Зекај и Мухамед Красниќи-Малишева имале извршено по две убиства, додека за Зекај стои дека има вкупно пријави за 22 кривични дела.

ndrecaj_licna_karta

Еден од уапсените во Куманово учествувал во киднапирање на македонски бизнисмен од албанска националност кој е познат увозник на цигари. Косовец кој учествувал во кумановските настани е осомничен дека еднаш им помагал на затвореници да избегаат од затворот во Дубрава на Косово. Нјамали досиеја имаат водачите на групата Ндрецај, Укшини и Бег Ризај за кого досега нема поднесено ниту една кривична пријава. Полицијата бара информации од Хрватска, Италија, Германија и други држави дали припадниците на групата имаат кривични дела извршени на нивна територија.

Но најчудно е што се појави уште едно име на списокот учесници во кумановските настани. Иако неговото име го има на првичните кривични пријави на МВР не е познато каде се наоѓа, а со сигурност се знае дека учествувал во планирањето и изведувањето на акцијата на кумановската група во Диво Насеље.Станува збор за косовецот Зијадин Красниќи за кого првично полицијата поднесла кривична пријава, но него го нема ниту меѓу загинатите ниту меѓу уапсените, потврдија за Телма извори од истрагата.

Полицијата вкупно во своите две пријави гони 34-ца, 30 од нив се во притвор, за двајца кои загинаа во Диво Насеље (Мирсад Ндрецај и Бег Ризај) пријавата е повлечена, а Осман Сулејман им избегал на полицајците кај Брест каде им покажал каде е скриено оружјето украдено од Гошинце. Зијадин Красниќи го нема никаде, а за него со сигурност имало докази дека е дел од групата. МВР денеска објави дека 7-мина припадници на кумановската терористичка група учествувале и во нападот во Гошинце на 21-ви април.

Во двата напада (Гошинце и Куманово) учествувале и водачите на групата, убиените Мирсад Ндрецај и Бег Ризај, како и Ваљдет Зека, Дем Шеху, Адријан Бујари, Фејзула Рушитовски и Реџеп Реџепи, покажале биолошките траги и форензичките анализи на МВР. Полицијата по едномесечна проверка откри дека за 21 припадник на кумановската група имало поднесено вкупно 104 кривични дела извршени во три држави Македонија, Косово и Австрија.

Лидерот на групата Мирсад Ндрецај на Косово бил пријавен за напад, закана и телесна повреда. Сами Укшини- Соколи на Косово извршил изнуда и во еден случај нанел телесна повреда. На Бег Ризај му е чисто досието. Најмногу дела дури 22 стојат зад името на Ваљдет Зекај меѓу кои тој извршил две убиства, 6 напади и трипати бил фатен со нелегално оружје.

И Мухамед Красниќи-Малишева е гонет за две убиства и за две киднапирања како дел од неговото кривично досие со вкупно 11 криминални дела од кои 3 се извршени во Македонија. Кривични дела во Македонија вршел и Дем Шеху, едно од нив е грабнување на македонски бизнисмен кој се занимавал со увоз на цигари.

За Шеху според информациите на Телма полицијата имала оперативни сознанија дека го организирал грабежот на тетовската златара „Бени“ од каде е украден накит вреден околу 300 илјади евра. За тој случај нема пријава. Полицијата засега не дава објаснување за информациите дека македонски тајни агенти контактирале со припадници на кумановската група и договарале контролиран инцидент во Диво Насеље. Оправдувањето е дека истрагата се уште трае.

повеќе тука