Тело на неделата: Лоти Мос

од desk4
191 прегледи

Сестрата на Кејт Мос – Лоти, се уште е далеку од славата на својата сестра, но уште од 2015 година таа тргна самоуверено по нејзините стапки. 19-годишниот моделот веќе беше на страниците на најпрестижните изданија, вклучувајќи и во американскиот Vogue.

Интересно е дека таа е забележана од модните генијалци уште во 2011 година, кога едвај имала 13 години. Сепак нејзините родители билее категорични против тоа рано да влезе во светот на модата и таа требала да чека уште 4 години за да го направи своето деби .

Изненадувачки или не, но таа е една од најголемите обожаватели на Џастин Бибер, а во училиштето најмногу ги сакала овие предмети – историја, физичко и англиски.

Таа го одржува телото со фитнес и јавање.

Нејзината фигура и гарантира место во нашата рубрика “Тело на седмицата”, а големото прашање дали Лоти ќе ја достигне популарноста на сестра и Кејт набрзо ќе ја дознаеме.

Убавината на Лоти оценете ја во нашата галерија: