Телото на Навални предадено на неговата мајка

од Stefanija Kuzmanovska

Телото на рускиот опозиционер Алексеј Навални е предадено на неговата мајка, соопшти портпаролката на починатиот опозициски лидер, Кира Јармуш на мрежата Х.

„Људмила Ивановна се уште е во Салехард. Се уште се чекаат информации за погребот. Не знаеме дали властите ќе се вмешаат во спроведувањето на погребот или тоа ќе се одвие како што сака семејството и како што заслужува Алексеј. Ќе ве известиме штом има новости“, напиша Јармуш.

Таа им се заблагодари на сите кои побараа да биде предадено неговото тело.

Слични содржини