Телото на Навални пристигна во црквата, снајперисти на покривите

од Vladimir Zorba

Поранешниот руски опозициски лидер Алексеј Навални треба да биде погребан ДЕНЕСКА, но членовите на неговиот тим тврдат дека се уште се соочуваат со тешкотии при организирањето на церемонијата. Неговата портпаролка Кира Џармиш потврди дека не успеале да најдат погребна кола за да го однесат телото во црквата.

„Непознати лица се јавуваат во мртовечниците и им се закануваат ако прифатат да го преземат телото на Алексеј“, се пожали таа. Погребот треба да се случи во Маржино, на периферијата на Москва. Планот е комеморацијата да започне во 14:00 часот по московско време (12:00 часот по наше) во црквата.

Погребот треба да се изврши на блиските гробишта Борисовскоје во 16:00 часот по московско време. Погребот ќе се пренесува во живо на Јутјуб каналот на Навални.

Навални почина на 16 февруари во руски затвор во Арктичкиот круг.

Во моментов практично не излегуваат информации што се случува внатре во црквата за време на комеморацијата на Навални. Луѓето кои се дел од тимот на Навални, кои во моментов вршат директен пренос, велат дека „се уште никој не е пуштен внатре“ и дека „нема информации“.

„Не знаеме што точно се случува во црквата сега“, велат тие. Тие додаваат дека церемонијата требало да започне во 14 часот по московско време (12 часот по наше), но „сè е заглавено“. Тие веруваат дека постои „висок ризик владата да се обидува да го спроведе сопственото сценарио за тивок погреб“.

Извештаите сугерираат дека снајперисти биле поставени на покривите во Москва за време на погребот. Народ се собра пред црквата, каде има и силни полициски сили.

Слични содржини