Ненадејната смрт на поранешниот репрезентативец на Летонија и искусниот европски кошаркар, Јанис Тиме го шокираше спортскиот свет, откако ноќта меѓу 16 и 17 декември реши да си го одземе животот.
Трагедијата уследи по разводот со сопругата Ана Седокова, што дополнително ги потресе неговите пријатели, семејството и обожавателите.
Сега неговото тело е пренесено во Летонија.
Телото на Јанис по трагедијата било пренесено во Летонија, а тоа на социјалните мрежи го открила неговата сестра Лелде Жендецка.
„Јанис утрово пристигна во Летонија. Благодарам на сите за помошта околу транспортот и изразеното сочувство“, истакна Жендецка.
Јанис Тима имаше 32 години и постигна многу успеси во кариерата. Тој играше за Рига, Лиепајас, Вентспилс, Зенит, Химки, Басконија, Олимпијакос и Уникс, пред да се натпреварува на малку пониско ниво во последните сезони, играјќи за Дарушафака, Умакао Гризес од Порторико, Обрадоиро и Лејкленд Меџик, развојен тим во НБА.