Темелковски ја презеде градоначалничката функција во Кисела Вода

од desk4
102 прегледи

Флип Темелковски денеска ја презеде функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода од Билјана Беличанец Алексиќ која раководеше со овој дел од градот во изминатите четири години.

По доделувањето на Уверението од страна на Општинската изборна комисија, Темелковски и Алексиќ имаа заедничка средба.

Во своето обраќање при подигнувањето на Уверението Темелковски ги потенцира своите приоритети кои, како што најави, ќе бидат исклучиво во интерес на граѓаните.

– Ќе работиме во интерес на сите граѓани и се надевам дека ќе имаме консензус со сите членови на Советот и заедно ќе покажеме како може да се развива Кисела Вода, истакна градоначалникот.

Општинската изборна комисија денеска им ги врачи решенијата и на новите советници на Советот на Општина Кисела Вода.