Справување со ризиците од аерозагадувањето и управување со разните видови отпад се темите што денеска ги дискутирале градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски, и заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули. Соговорниците договориле и поскоро решение за
справување со загадувањето предизвикано од фабриката Охис.

Како што информираат од општината, Темелковски го запознал министерот Макрадули со мерките кои општина Кисела Вода ги презема за заштита на животната средина, а му била презентирана и програмата на локалната самоуправа за заштита на животната средина за 2018 година и локалниот еколошки акционен план на општината, што е во функција до 2021 година.