Нудиме концепт на една отворена и модерна општина, која ќе се осврне повеќе на микро менаџирањето во самите населби како во урбаните така и во руралните делови од општината.Сакаме во секоја нселба да има повеќе паркови и зеленило, кажа во своето претставување во „Топ тема“ на Телма, Филип Темелковски, кандидат за градоначалник на Кисела Вода на СДСМ.
-За мене бетонизација е кога ќе донесете лоши урбанистички планови каде не се предвидува зеленило, ниту пешачки зони уште помалку јавни површини кои се во интерес на граѓаните.Во новата програма е предвидено сите одлуки за градбите кои ќе се носат ќе бидат заедно со граѓаните.Мене ми е мило што Кисела Вода се гради, но се гради и во периферијата и во урбанизираните делови тоа подразбира дека добор е изменаџирано, вели Темелковски.