Денеска продолжуваат реакциите за издавањето на стихозбирката на Агенцијата за млади и спорт од проектот „Млади поети“.Директорот на АМС вели дека случајот детално ќе се разгледува. Комисијата за заштита од дискриминација, за која е недозволива постапката на Агенцијата за млади и спорт, Стручната комисија која одлучувала при евалуација на содржините како и на авторот на вознемирувачките и дискриминаторски содржини во контороверзната збирка од проектот „Млади поети“, која веднаш по објавувањето ја разбранува македонската јавност.

„Содржините кои се објавени од уредникот Дарко Каевски и воедно финансирани од Агенцијата за млади и спорт содржат елементи на дискриминација по основа на етничка, верска и родова припадност. Збирката на поезии содржи форми на изразување кои не се прифатливи за едно демократско и мултикултурно општество, а во исто време се во директен судир со повеќе одредби од Законот за спречување и заштита од дискриминација“ – стои во соопштението на Комисија за заштита од дискриминација.
Говорот на омраза и дискриминација, кој е идентификуван во дел од содржината на збирката, го осуди и Владата, која ја повика Агенцијата за млади и спорт да го расветли случајот до крај.
„Македонија е отворено, слободно, едно општество за сите во кое нема место за таков тип недолична комуникација. Владата ја повикува Агенцијата за млади и спорт да ја идентификува одговорноста, да ја санира штетата и да гарантира дека нема да се повтори грешката“ – велат од Владата.
Печатницата „Арс ламина“ која директорот Дарко Каевски посочи дека треба да биде издавач и уредник вели дека не се побарани издавачки услуги, туку само печатарски.
„Арс ламина не може да биде издавач, бидејќи ниту ги нарачала авторските текстови, ниту е носител на авторските права, ниту пак направила избор и редакција на содржините од збирката.“ – велат од „Арс ламина“.