Италијанската полиција вчера објави дека загинал 22-годишно момче во славје по освојувањето на европската титула во фудбал.
Едно лице почина на Сицилија за време на прославата на титулата европски шампион, што ја освои италијанската фудбалска репрезентација, објавија денеска тамошните медиуми.
Во Милано, 15 лица беа повредени, од кои три потешко, за време на прославата.
Hoy no se duerme en #Roma #Ita en la #Final@tjcope pic.twitter.com/cphSofZWvC
— Eva Fernández (@evaenlaradio) July 6, 2021
Едно лице останало без три прста кога во неговата рака пукнала петарда.
На југот на Италија, полицијата во градот Фоџа претпоставува дека платен убиец застрелал едно лице и побегнал на мотор искористувајќи го метежот предизвикан од прославата.
Локалните медиуми известија дека во оружениот инцидент тешко е повредено шестгодишно девојче, внука на застреланиот маж, кое со тешки повреди е пренесено во болница.