Температура до 33 степени: Нè очекува топло и сончево време

од Nikola Popovski
187 прегледи

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ индексот ќе биде 8. Утринската температура ќе биде од 8 до 17 Целзиусови степени, а во текот на денот од 23 до 33 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурата ќе стигне до 31 Целзусов степен.

Само во среда и четврток ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд во планинските подрачја. За време на викендот се очекува локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.