Температури до 17 степени: Какво време не очекува денес?

од Nikola Popovski

Сончево со мала до умерена локална облачност, поголема во западните делови каде ќе има услови за слаб локален дожд. Ова се најавите од УХМР за временската прогноза во земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се спушти до минус 6, а максималната ќе се искачи до 17 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Температурата ќе се искачи до 15 степени.

 

Слични содржини